Додик одби да се фотографира со функционери на САД пред состанок
Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, одбил одбил да се фотографира со шефицата на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), Саманта Пауер и со американскиот амбасадор во Сараево, Ерик Нелсон, пред нивната средба.
Откако влегле во салата за состаноци, Пауер и Нелсон се ракувале со Додик и со хрватскиот и бошњачкиот член на Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ и Шефик Џаферовиќ, а потоа, според протоколот, требало сите заедно да бидат фотографирани пред знамето на БиХ.
Меѓутоа, откако се ракуваше со Пауер и Нелсон, Додик отиде на своето место на масата, Комшиќ одмавна со раката, а потоа сите седнаа и почнаа да разговараат.
Ова може да се види од првото видео кое до медиумите го испрати прес-службата на Претседателството на БиХ. Прес-службата набрзо испрати друга, монтирана верзија на видеото, на кое не се гледа дека Додик одбил да се фотографираат заедно.