Доделување на наградата „Димитар Митрев” во ДПМ


Фото: Б. Грданоски

Во просториите на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) денеска ќе биде соопштен добитникот на наградата „Димитар Митрев”.

Оваа награда се доделува за критика и есеј, а ќе ја добие авторот на најдоброто критичко-есеистичко остварување објавено во 2022 година.

Присутни на настанот, на кој ќе бидат соопштени одлуката и образложението за наградата, ќе бидат претседателот на ДПМ и писателот кој ќе го понесе ова високо признание.