Доделени грантовите за самовработување во Кичево


Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, Беким Мурати, денеска ги доделија грантовите за самовработување во Кичево.

-Секоја година како Министерството за труд во соработка со Агенцијата за вработување и останатите вклучени релевантни актери, подготвува Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот. Оваа година тој изнесува повеќе за пет милиони евра од минатата година. Односно тој изнесува 1,8 милијарди денари, или околу 30 милиони евра. Со него е проектирано да бидат опфатени 14.685 невработени лица, со посебен акцент на младите невработени лица до 29 години, долгорочно невработени како и корисниците на гарантираната минимална помош, рече Тренчевска.

Таа истакна дека во Подрачната канцеларија на АВРСМ во Кичево опфатени се 38 невработени лица од кои 7 се млади лица до 29 години додека 15 се жени. Министерката посочи дека бројот на корисници на мерката самовработување на ниво на држава е 2000.