Додека се опоравуваше во Берлин, на Навални во Русија му заплениле се

 

Сметките во банка на рускиот опзиционер Алексеј Навални се замрзнати, а неговиот стан во Москва е запленет поради парници, вели неговата портпаролка Кира Јармиш.

До ова дошло додека тој се опоравуваше од труењето во берлинската болница.

„Тоа значи дека Навални не може да го продаде станот, да донира работи или да го стави под хипотека“, вели Јармиш во видео-снимка објавена на Твитер, пренесе Ројтерс.

Имотот на Навални му е одземен на 27 август поради судска парница која ја има со училишна кетеринг компанија.

Судот во Русија во октомври минатата година пресуди дека Навални и неговите соработници мора да платат штета во висина од 1,4 милиони долари за клевета на школска кетеринг компанија, затоа што на една видео снимка се доведува во прашање квалитетот на храната која ја прави таа компанија.

Минатиот месец Навални беше префрлен од Русија во Германија по неговото труење, а западните земји бараат објаснување од Кремљ кој негира вмешаност во случајот.