Додека Македонците бојкотираат и протестираат, Мицкоски слави
Додека граѓаните се организираат да ги бојкотираат денес маркетите поради превисоките цени, а други ќе ја блокираат „Партизанска“ поради прегазената Фросина Кулaкова, премиерот Христијан Мицкоски слави.
Според фотографиите што гордо ги објавуваат тој и неговите сопартијци на социјалните мрежи Мицкоски веќе два дена оди по цркви и по манастири за да го слави верскиот празник Свети Атанасиј, а според она што го напиша и именден на синот.
Мицкоски со Тарчуловски и Костовски во Љуботен
Досега не е видено волку количество темјан, крстови и свеќи на профили на актуелни функционери како со оваа гарнитура на ВМРО-ДПМНЕ на власта, и толку седење по слави, организирање верски поворки, бадникови огнови, бадникови поворки и други манифестации, како да се работи за два света со тие што денес протестираат за животни прашања.
На тетовското Кале денес