Дочек на хрватските фудбалери во центарот на Загреб


 

Хрватската репрезентација, односно фудбалерите кои завршија трети на Мундијалот во Катар, попладнево ќе бидат пречекани од бројни навивачи на плоштадот „Бан Јелаќиќ“ во Загреб.

Уште од пладне реки луѓе се слеваат кон центарот на Загреб.

Фудбалските херои околу 17 часот слетуваат на загребскиот аеродром „Фрањо Туѓман“, а потоа по иста рута како и пред четири години, кога се славеше среброто од Русија, ќе заминат до плоштадот.

Таму се организира свечен дочек.

Град Загреб и Хрватскиот фудбалски сојуз потврди дека на главниот загребски плоштад ќе пеат Јура Стублиќ и „Филм“, „Далека обала“, „Прљаво казалиште“, Далматино, „Запрешиќ бојс“, „Општа опасност“ и Салвонија бенд.

Официјалната химна на Хрватска ќе ја отпее Клапата на Хрватската воена морнарица „Свети Јуре“.