Добри вести: Нема ни еден позитивен на корона во Премиер лигата


Во четвртата рунда тестирања на играчите и на вработените во Премиер лигата нема заболени од КОвид-19.
Во првите 2.752 тестови спроведени во три рунди во Премиер лигата позитивни на корона вирус беа 12 лица.
Во четвртата рунда тестирани се околу 1.000 лица и добија добри вест затоа што ни еден играч ниту вработен во Премиер лигата не е позитивен на вирусот.
Премиерлигашите во понеделник ќе продолжат со контактни тренинзи, откако на 27 мај едногласно одбраа сезоната да продолжи.
Мечовите на Премиер лигата почнуваат да се играат на 17 јуни, а сите натпревари ќе може да се гледаат на Спорт клуб.