До Владата сè уште не е доставена оставката на Милевски
До Кабинетот на премиерот Димитар Ковачевски официјално не е доставена оставката што ја најави министерот за локална самоуправа Горан Милевски, велат за МИА од владината прес-служба.
Горан Милевски најави дека идната недела ќе се повлече од функцијата министер за локална самоуправа во Владата. Информацијата тој ја потврдил утрово за ТВ 21 и за Локално.
Милевски во 2015 година ја наследи лидерската позиција во ЛДП од Андреј Жерновски.
Горан Милевски е министер за локална самоуправа од 2019 година. Оваа функција ја извршуваше во првиот мандат на Владата предводена од Зоран Заев, во преодната Влада, а потоа и во вториот мандат на владиниот состав на Заев. Ресорот локална самоуправа го задржа и во актеулана Влада на премиерот Димитар Ковачавески, избарана на 16 јануари годинава.