До сабота стабилно и релативно топло време, од недела дожд во попладневните часови

Од Управата за хидрометеоролошки работи соопштија дека времето денеска во претпладневните часови ќе биде сончево. Попладне ќе има мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено изразен вдолж Поварадрието.

Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20 степени.

– До сабота ќе се задржи стабилно и релативно топло време. Во недела ќе настапи наоблачување, попладне со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни. Кон крајот на денот ќе почне да дува умерен до засилен северен ветер што ќе услови значително заладување, па од понеделник покрај на планините врнежите ќе преминат во снег и на повисоките места, најавија од УХМР.