До ноември лани извезени стоки за 7,65 милијарди евра, а увезени за 11,1 милијарда, дефицитот 3,46 милијарди евра


Со зголемените три денари до декември годинава ќе се добијат 31 милион евра, што е сепак, помалку од планот што првично беше проектиран во Буџетот за оваа година

 

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – ноември 2022 година, изнесува 471,37 милијарди денари или околу 7,65 милијарди евра и е зе 20,8 отсто повисок во однос на истиот период од претходната 2021 година. Истовремено во земјава биле увезени стоки во вредност од 684,6 милијарди денари, или околу 11,1 милијарда евра, што е за 27,8 отсто повеќе во споредба со истиот период од 2021 година, соопшти Државниот завод за статистика.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – ноември 2022 година, изнесуваше 213,23 милијарди денари, односно 3,46 милијарди евра, а покриеноста на увозот со извоз беше 68,9 отсто.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи. Во увозот се најмногу застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, електричната енергија и благородни метали во колоидна состојба; соединенија, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани; амалгами од благородни метали.

Во периодот јануари – ноември 2022 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.