До крајот на неделава променливо време со повремен дожд


Фото: Б, Грданоски

Во текот на работната седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во четврток попладне и во петок ќе има повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните делови. Во текот на целиот период ќе дува умерен, а во четврток засилен југоисточен ветер, соопшти УХМР.

Минималните утрински температури ќе се спуштат до три, а максималните дневни ќе достигнат 17 степени.