До крај на септември ќе профункционира зонското паркирање во Ново Лисиче и Реонски центар


Најдоцна до крај на септември треба да почне зонското паркирање во Ново Лисиче и во Реонски центар, во скопската Општина Аеродорм. 

„Зонското паркирање во Реонски центар ќе почне паралелно со зонското паркирање во Ново Лисиче. Општината изготви проект, чека одобрување од Град Скопје и МВР, а бидејќи сме во координација со „Градски паркинг“, подготвени се веднаш да почнат со бележење и поставување информативни табли. Очекувам за месец до два, најдоцна до крајот на септември да почне да функционира зонско паркирање во Ново Лисиче и во Реонски центар“, рече денеска в.д. градоначалникот на Општина Аеродорм, Дејан Митески, на потпишувањето на договор за изградба на мултифункционален центар во Ново Лисиче.

Информативни табли и обележување на паркирните места веќе почна во Реонски центар, на паркингот пред повеќето супермаркети до станицата ПСС.

Во Ново Лисиче паркинзите сѐ уште се слободни, но може да очекуваме во наредните денови да се почне со поставување информативни табли и таму, како и исцртување на паркинг-местата. 

На ова решениe, му претходење анкета, со која Општината тврди дека се потврдило дека граѓаните одамна барале зонско паркирање, но дел од граѓаните велат дека никој нив не ги анкетирал, а жестокот се противат на ваквото решение. 

Зонското паркирање стигнува во Реонски центар, Аеродром – поставени табли кај Т.Ц. „Лиса“