До каде е инвестицијата на „Лидл“: Еве што велат Германците


 

Заменик-амбасадорот на Германија во нашата земја, Ото Граф, истакна денеска дека е голем оптимист во врска со инвестицијата на „Лидл“, како и дека е тоа голема шанса за македонското земјоделство да пласира свои производи во цела Европа.  

Одговарајќи на новинарски прашања на презентацијата на анкетата за деловната клима во Северна Македонија, што ја спроведоа на Делегацијата на германското стопанство и Македонско-германското стопанското здружение, Граф рече дека е многу важно преку „Лидл“ да се понудат земјоделски производи во цела Европа.

„’Лидл’ е инвестициски партнер, чекориме напред, но не се наоѓа во крајна фаза. Оптимисти сме, сметам дека ‘Лидл’ во секој случај ќе инвестира многу пари и ќе отвори многу работни места“, рече Граф додавајќи дека нер треба да се потцени дека еден ваков бренд ќе има голема инвестиција.

„Сметам дека е многу битно за самата држава преку ‘Лидл’ да се понудат земјоделски производи во цела Европа“, рече Граф посочувајќи дека колку повеќе Северна Македонија се приближува кон ЕУ, толку ќе станува побитна темата за земјоделството.

Според него, еден од начините Македонија да опстане на европскиот пазар е продажба на земјоделски производи во цела Европа.

„Сметам дека ова е мошне битно за луѓето во државата“, рече Граф, нагласувајќи дека „Лидл“ во секој случај ќе инвестира многу пари и ќе отвори многу работни места.

Во однос на германската инвестиција со ветериниците, најавена во време на поранешниот премиер Зоран Заев, Граф рече дека проектот политички е одлучен, но се уште чекаат на крајниот потпис, но не прецизира од кого се чека потписот.

„Оптимисти сме дека наскоро ќе го добиеме, но во основа тоа би било навистина најголемата германска инвестиција спроведена некогаш тука и мошне сме заинтерсирани за ова. Секојдневно сме во преговори, недостигаат последните детали и во секој случај сме доста оптимисти“, рече Граф.