До април ќе се обезбедат 40.000 компјутери за учениците

Постапката за набавка на 40.000 компјутери за оние деца кои ги немаат ИТ-уреди за следење на онлајн настава би траела да трае до април месец, најви денеска премерот Зоран Заев на првиот ден од новата учебна година, во  ОУ „Јан Амос Коменски“ .

– Постапка за набавка за 40.000 компјутери би траела до април месец.Ќе направиме да може секое дете да се чувствува еднакво со другите, изјави Заев.

Премиерот и министерката за образование им посакаа среќен почеток на првачињата од Општина Карпош.

„Сите учиме во целиот овој процес. Јас сум ваш партнер и порачувам да се соработуваме едни со други. Родители вие додека сте на работа можеби ќе има ситуација да се јават наставничките дека детето има покачена температура но и таквите ситуации заедно ќе ги надминуваме“. Вели Царовска.

Премиерот Заев истакна дека со почитување на мерките и оваа учебна година ќе биде успешна.

– Знаењето кое ќе го примате ќе ви помогне да станете лекари, градители, сликари, новинари, глумци и така натаму. Оваа школска година не е како минатите, сите мора да сме солидарни и да се придржуваме до мерките, изјави Заев.