До 17 часот своето право на глас го искористиле 39,61 % од избирачите
До 17 часот на денешното гласање на првиот круг од локалните избори, своето право на глас го искористиле 39,61 проценти од запишаните гласачи во избирачкиот список.
Државната изборна комисија информираше дека добиле податоци од .221 избирачки места каде право на глас имаат 1.699.296 гласачи.
По евидентирање на излезноста до 17 часот и понатаму во тетовскиот регион најголема излезност за локалните избори е во рамки на Општина Тетово каде од 87.878 граѓани гласале 36.140 или 41,50 %.
Следува Општина Брвеница каде од 16.150 граѓани гласале 6.241 или 38,66%. Потоа, во Општина Јегуновце гласале 3.838 луѓе од вкупно .981 гласачи или 38,47 %. Во Општина Теарце до 17 часот гласале 8.518 избирач или 37,56 % од вкупно 22.688 гласачи
Општините со најмал процент на излезност се Желино и Боговиње. Во Општина Желино која брои вкупно 25.731 гласачи гласале 9.478 или 36,86 %. Во Општина Боговиње до 17 часот гласале 31,83 % од избирачите или 9.251 од вкупно 29.088 граѓани со право на глас.
Најголема излезност има во:
Вевчани 61,84 %
Дебарца 53,41 %
Демир Капија 57,65 %
Дојран 60,91 %
Зелениково 52,77 %
Карбинци 50,25 %
Конче 55,13 %
Крива Паланка 56,01 %