До 13 часот излегле да гласаат 20,12 отсто од избирачите
Во Скопје излезноста била 20.07 отсто што е за нијанса помалку од 2021. Голема излезност во Крива Паланка, Чашка. Многу мала во Гостивар - само 11,66 отсто
Излезеноста на локалните избори до 13 часот е 20,12 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Оваа излезност се однесува на податоците од 3.207 гласачки места, а вкупно има 3.474. До 13 часот гласале 335.244 граѓани.Гласањето се одвива без проблеми и засега од општинските изборни комисии, како и од избирачките одбори до ДИК не се пристигнати никакви дојави за евентуални нерегуларности или неправилности.
Како што информира портпаролката на ДИК Радица Тодоровска Алексовска, до 13:00 часот се пристгнати податоци од 3 207 избирачки места. Вкупниот број запишани избирачи од кои се пристиганти податоците е 1 666 298, а од нив гласале 335 244.
Во Скопје излезноста е 20,07 проценти. Според општини: Аеродром 20,63, Бутел 20,69, Гази Баба 18,97, Ѓорче Петров 19,67, Карпош 21,69, Кисела Вода 20,89, Сарај 21,18, Центар 22, Чаир 19,17 и Шуто Оризари 13,76 отсто.
Во другите општини излезноста е ваква: Богданци 27,31 отсто, Вевчани 33,76, Градско 26,01, Дебарца 28,42, Демир Капија 29,25, Дојран 30,74, Кратово 30,01, Крива Паланка 32,42, Лозово 31,86, Новаци 36,52, Ранковце 32,07 и Чашка 40,74 Мала излезност е регистрирана во: Босилово 12,96 отсто, Врапчиште 7,23, Гостивар 11,66, Дебар 13,87, Желино 17,19, Јегуновце 17,50, Маворово и Ростуше 14,45, Пласница 18,88, Радовиш 17.97, Струга 16 отсто.
На локалните избори во 2021 година, според тогашниот пресек во 13 часот, излезеноста во Скопје била 20,76 отсто.