До 10 септември да се пријават училиштата кои сакаат да организираат настава со физичко присуство


Фото: Б. Грданоски

Минстерката за образование и наука, Мила Царовска ги повика сите директори на училишта кои смеатаат дека имаат услови да почнат со настава со физичко присуство на учениците, да достават барање до 10 септември.

Како што појасни Царовска, во периодот потоа неколку надлежни инспекторати ќе треба да ги проверат условите и да дадат зелено светло за организирање настава.

Таа појасни дека и средните стручни училишта ќе може да организираат настава со физичко присуство на учениците кои имаат предвидено пракса во училиште или во комапании, но секако со план на присуство, за да не се ствара метеж.

Царовска рече дека 15 септември нема да знаат колку и кои точно ученици ќе тргнат во училиште, затоа што ќе треба да се добијат најпрво барањата од директорите, па да поминат инспекциите и комисиите, па потоа да добијат или не дозвола за организирање настава со физичко присуство.

На новинарско прашање, дали сето ова не можеше да се направи порано, за да почне учебната година на 1 септември, како до сега, министерот за здравство Венко Филипче рече дека почекале за да имаат податоци за насоката на епидемијата, односно, по враќањето од одмори и престојот на луѓето во затворени простории на работа, може да се влоши состојбата.

Филипче, одговарајќи на новинарско прашање рече дека и не е ретерирање на Владата со тоа што се дозволува почеток на учебната година со физичко присуство и за погорните одделенија од трето, туку е само согледување на можностите на училиштата и дозвола да се организира настава.

Препораката на Комисијата за заштита од заразни болести е почеток на учебната година за учениците од прво до трето одделни, најпрво заради помалиот борј ученици кои би оделе во училиште, но и заради потребата од поблизок контакт на учениците кои се мали по возраст со наставниците.

-На општините и училиштата им даваме можност  да организраат он лајн настава во училиштата каде не се исполнети условите предвиден со протоколот за физичко прустсво во училиштата. За успешна реализација на учењето во далечина забрзано се работи на воспоставување единствена национална онлајн платформа која ќе ја презентираме многу скоро на јавноста. Сепак планот нуди опција и за почнување на настава и за физичко присуство на учениците независно од возраста или одделението и дали се работи за основно или средно секаде каде просторните услови го дозволуваат тоа и е во согласно со протоколите, рече Царовска.

Таа ги повика општините да ги известат родителите и наставниците да ги разгледаат протоколите и понудената комбинираната настава.

При ваков тип на настава во училниците ќе присуствуваат најмногу 20 ученици, со час од 30 минути во основните и од 35 минути во средните училишта, петминутен одмор помеѓу часовите.

Царовска вчера имаше одделни состаноци со претставници на Сојузот на средношколци кои бараат комбинирана настава, како и со Иницијативата на родителите коишто бараат отворање на училиштата.

Претходно Средношколскиот сојуз одржа протест во Скопје за учебната година на 1 октомври да почне веднаш со комбиниран модел на настава, а не онлајн, во општините кои немаат многу заразени со коронавирусот