„ДНК“ со нова песна: Горе или доле, бидете силни


Новиот хит на дуото ДНК, „Горе или доле“ и по три недели сè уште е во трендинг на Јутјуб. Видеото досега го виделе повеќе од милион посетители и фанови, а коментарите се повеќе од позитивни.

„Песнава и спотов да ги прогласиме за спот и песна на годината?“ „Браво за пораката “ „Ова се вистинските ДНК. Секоја чест момци, издоминиравте“, се дел од пораките под видеото на Јутјуб.

За „Горе или доле“, Панчо и Андреј велат дека е моќна, клупска и радиотема со моќен текст и спот. Видото и целата приказна на песната ја носат пораката: „Не возете во пијана состојба“, а ДНК велат дека им е драго што публиката ја препознава оваа порака.

Режисер на видеото е Даниел Јовески, а кадрите се направени на неколку локации низ Скопје и Охрид. „Горе или доле“ е со потписите на Лазар Цветкоски и Панчо, кои со заеднички сили ја склопија музиката, додека текстот е на Панчо, а аранжманот на Лазе.

„Колку и да ве разочара животот, останете силни бидејќи секоја затворена врата отвора нова. И што е најважно не возете пијани“, велат Панчо и Андреј.