ДНК го објавија на Јутјуб концертот по повод 20 години од нивната кариера (видео)


ДНК на социјалната платформа Јутјуб објавија видео од целиот концерт кој го одржаа во спортскиот центар „Борис Трајковски“ на 3-ти декември минатата година, по повод 20 години од нивното постоење на македонската музичка сцена.

Концертот го започнаа со нивната последна издадена песна со наслов „Романи“, а потоа се нижеа и останатите хитови кои тие ги создадоа изминативе години….

„Драги луѓе, во мое име и во името на Андреј и целиот бенд ви се заблагодаруваме. Ова е најдоброиот подарок кој можеше да го добиеме за еден роденден. Бескрајно сме ви благодарни. 20 години постоиме само поради вас и ова никогаш нема да ви го заборавиме“ – беа првите зборови со кои Панчо се обрати на десетилјадната публика.