„Дневникот на лудиот“ на завршувањето на фестивалот „Лица без маски“


Интернационалниот театарски фестивал „Лица без маски“ вечерва го завршува своето 12. издание. Во Театарот на сенки и облаци ќе се одигра монодрамата „Дневникот на лудиот“ во режија Ѓорѓи Ризески со почеток во 20 часот.
На годинешното издание на фестивалот се одигра уште една монодрама, „Соништата на Хамлет“ во режија и изведба на Ментор Земберај од Косово. Претходните денови се одиграа и „Кокошка“ од Бугарија, во режија на Ана Батева, „Машината на Пинокио, ти не си еден од нас“ на театарот „Софија Амендолеа“ од Рим, Италија, интерактивниот перформанс „Јас сум актер – човек“, на режисерката Теа Беговска и „Како се прави човек“ во режија на Хана Миленковска.
По завршувањето на вечерашната претстава, ќе се доделат и трите награди: Гран при за најдобра претстава, награда за најдобра режија и награда за актерска игра. Наградите ќе ги додели тричлено жири во состав: Бојан Трифуновски – режисер, Ивана Настеска – новинар и Мики Анчевски – актер.