Дневен извештај за короната: Бројот на позитивни случаи порасна на 913


Фото: Б. Грданоски
Секој ден се зголемува бројот на луѓе заразени од Ковид-19 и Македонија влегува во фазата или бранот што беше лани во ноември. Во последните 24 часа регистрирани се 913 нови позитивни случаи од 3.707 тестирања, што претставува 24,6 отсто од примероците. Починаа 16 лица.
 
Нови потврдени инфекции според градови:
 
-Скопје 440
-Прилеп 64
-Кавадарци 50
-Куманово 45
-Тетово 35
-Гевгелија 33
-Неготино 31
-Гостивар 29
-Охрид 26
-Велес и Битола по 24
-Струмица 21
-Крушево 11
-Кочани и Крива Паланка по 10
-Ресен 7
-Струга и Свети Николе по 6
-Кичево и Демир Капија по 5
-Штип, Радовиш, Богданци и Демир Хисар по 4
-Делчево, Берово и Валандово по 3
-Дојран 2
-Пробиштип, Виница, Македонски Брод и Пехчево по 1
 
Од починатите 16 лица седум пациенти се од Прилеп (87, 82, 75, 74, 70, 66, 63), шестмина од Скопје (83, 75, 72, 69, 66, 54) и по еден пациент од Гостивар (87), Гевгелија (71) и Крушево (40). Сите пациенти се починати во болнички услови.
 
Регистрирани се 351 оздравени пациенти:
 
-Скопје 173
-Охрид 37
-Прилеп 28
-Кавадарци 16
-Велес и Струмица по 12
-Куманово 11
-Неготино 9
-Тетово и Гевгелија по 8
-Струга 7
-Кочани 5
-Штип и Битола по 4
-Крива Паланка и Берово по 3
-Виница, Богданци, Кратово и Демир Капија по 2
-Гостивар, Делчево и Валандово по 1
 
Досега во земјата се направени вкупно 551.917 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 109.262 , бројката на оздравени пациенти е 96.173, на починати е 3.244, а бројот на активни случаи изнесува 9.845.