Дневен извештај за короната: 367 нови инфекции, петмина починати


Бројката на инфекциите во последните 24 часа е на нивото од последните десетина дена – позитивните тстови изнесуваат 14,1 отсто. Во бројки: направени се 2.596 тестирања, а регистрирани се 367 нови случаи на Ковид-19, соопшти Министерството за здравство. Починаа пет лица. 
И натаму далеку најмногу нови инфекции има во Скопје. Според градови:
 
-Скопје 167
-Прилеп 37
-Кавадарци 33
-Охрид 17
-Велес 15
-Куманово 14
-Тетово 14
-Гостивар 12
-Неготино 12
-Штип 7
-Гевгелија 7
-Битола 6
-Струга 4
-Кратово 4
-Струмица 3
-Ресен 3
-Кочани 3
-Делчево 2
-Пробиштип 2
-Крушево 2
-Кичево 1
-Крива Паланка 1
-Берово 1
-Валандово 1
 
Од петтемина починати двајца пациенти се од Скопје (91 и 83) и по еден смртен случај е пријавен од Гостивар (77), Крива Паланка (40) и Демир Хисар (65). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Бројката на оздравени пациенти е  202. Според градови:
 
-Скопје 105,
-Куманово 18
-Кавадарци 14
-Тетово 11
-Штип 8
-Неготино 7
-Гевгелија 6
-Велес 5
-Кочани 5
-Гостивар 4
-Крива Паланка 4
-Демир Капија 4
-Струмица 3
-Ресен 3
-Кичево 1
-Демир Хисар 1
 
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 96.518, бројката на оздравени пациенти е 87.324, на починати е 2.971. Бројката на активни случи повторно помина над шест илјади и сега изнесува 6.223.