Дневен извештај за короната: 33 починати, рекордни 1.422 нови инфекции
Третиот бран од епидемијата не покажува ни намали знаци на олабавување. Денеска се регистрирани 1.422 нови случаи од направени 4.277 тестирања, што повторно се вискои 33,2 отсто од примероците. Тоа е најголем број заразени од почетокот на пандемијата. Починаа 33 лица, од кои 12 во Скопје.
Нови инфекции според градови:
-Скопје 618
-Куманово 94
-Прилеп 89
-Велес 76
-Тетово 63
-Гостивар 54
-Кавадарци 53
-Битола 50
-Штип 39
-Гевгелија 38
-Охрид 33
-Струмица 27
-Неготино 26
-Кочани 22
-Кичево 17
-Струга 13
-Ресен 12
-Пробиштип 10
-Дебар, Берово и Свети Николе по 9
-Крива Паланка и Радовиш по 8
-Валандово 7
-Богданци и Демир Капија по 6
-Македонски Брод и Пехчево по 5
-Виница и Делчево по 4
-Крушево 3
-Демир Хисар и Кратово по 2
-Дојран 1
Пријавени се вкупно 33 починати лица: 12 пациенти од Скопје (83, 82, 81, 75, 74, 72, 70, 70, 69, 62, 43, 38), по три пациенти од Тетово (69, 60, 41) и Кавадарци (78, 77, 71), по два пациенти од Битола (83, 65), Прилеп (73, 68) и Ресен (75, 66) и по едно починато лице е пријавено од Куманово (62), Гостивар (57), Охрид (64), Струмица (72), Струга (76), Крива Паланка (85), Валандово (79), Крушево (53) и Кратово (76).
Регистрирани се 457 оздравени пациенти:
-Скопје 128
-Прилеп 50
-Кавадарци 33
-Неготино 28
-Гостивар 26
-Куманово, Тетово и Велес по 25
-Струмица 17
-Гевгелија 16
-Штип 15
-Битола и Кочани по 11
-Берово 10
-Валандово 6
-Радовиш 5
-Кичево и Крушево по 4
-Крива Паланка, Делчево и Демир Капија по 3
-Пробиштип и Виница по 2
-Охрид, Ресен, Богданци, Демир Хисар, Македонски Брод и Дојран по 1
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 124.910, бројката на оздравени пациенти е 103.831, на починати е 3.607, а бројот на активни случаи изнесува 17.472.