Дневен хороскoп: Што велат ѕвездите за денеска?


ОВЕН:
Денес ве следи необична среќа: ги сакате пријателите и тие ве сакаат вас, што може да посакате повеќе? Оттука натаму животот може да појде во неколку правци и да се надевате на позитивен исход бидејќи тоа е правилно однесување. Размислувајте за викендот или одморот, кој што ќе го минете пиејќи нектар од божествени чаши!

БИК:
Можеби сте резервирани во однос на некои лични прашања, но тоа ќе ви ја донесе потребната зрелост во овој момент од времето: ништо не е случајно и повисоки сили го движат светот. Замижете за кратко и ослушнувајте ја природата и нејзиниот говор: вистината е најголемата доблест, која што ќе ве инспирира да ги постигнете своите цели.

БЛИЗНАЦИ:
Не трошете го своето време забележувајќи ги недостатоците на блиските: ако се обидете да ги разберете подлабоките причини, ќе најдете сила и ќе простите сè. Со самоконтрола ќе успеете да извојувате победа и над најголемите противници, надминувајќи ги старите шеми и пороци: некоја страсна личност силно влијае врз вас. Размислувајте логично.

РАК:
Минувате низ исклучително важен период: еден дел од животот завршува и сега е многу важно да размислите како ќе продолжите понатаму. Не залажувајте се дека сите размислуваат исто, туку откријте што е неопходно да смените: не плачете врз својата судбина, туку поврзете се со пријателите и надраснете ги слабостите. Важни совети.

ЛАВ:
Потребата да ви се восхитуваат ве оттргнува од вашата вистинска цел во животот: конфликти на работното место, кои бараат да ги рафинирате почнатите проекти. Можеби сте премногу фокусирани на достигнувањата од страна на другите и се губите во сето тоа: дајте си време да откриете што е она што ви е навистина важно. Запознајте се себеси.

ДЕВИЦА:
Добро ги разбирате тековните трендови и ќе направите убави напори да ја вратите независноста во својот живот: слободни и зрели, им се покорувате на законите на етиката. Можеби сте срамежливи, но секогаш подготвени да ги чуете блиските и денес смирено ќе се договарате за идните понуди. Прифатете ја одговорноста да одговорите позитивно.

ВАГА:
Нови информации и сега сте спремни да ги чуете понудените совети: средба со организирана личност, која што ќе ве подучи што може да очекувате. Можеби треба да се однесувате различно од досегашните стандарди и да откриете што ви е најважно: не размислувајте предолго, за да не ја пропуштите оваа шанса. Ставете ги розовите очила и верувајте повеќе.

СКОРПИЈА:
Мистериозни сили го движат светот и сега се наоѓате пред две еднакво привлечни опции: соработка со помлади личности, кои што имаат прогресивни идеи и креативни солуции. Прифатете ги овие кармички конекции и соочете се со непознатото: иако работата е комплексна, ова е животна лекција низ која што мора да пројдете. Бидете чесни!

СТРЕЛЕЦ:
Го слушате темпото на своето срце, кое што ви кажува дека се соочувате со личност која има незаузден карактер: оваа состојба ви е позната и сега ќе треба да се конфронтирате со духовите од минатото. Дозволете му на искуството да ве води и покажете ги слабите точки на стариот систем: така се доаѓа до реален прогрес во животот.

ЈАРЕЦ:
Поврзување со пријателите од минатото, со кои разговарате за мистериите на природата: култивирајте ги овие врски и имајте чувство за хумор. Како и лотосот кој што вирее во калта, а ја нуди својата раскош на сончевата светлина, така и вие откријте начин да се запознаете самите себе: полни со инспирација, доаѓате до нова стратегија и слобода.

ВОДОЛИЈА:
Интуицијата ви говори дека треба да смените нешто во своето однесување: моќта е слатка, но е опојна навика. Ако се борите да ги контролирате работите, ќе ја влошите ситуацијата: сега е време да се размислувате смирено. Постојат докази дека војната не завршена и дека сè уште треба да се работи: сетете се како дојдовте до сегашниот статус и ќе се коригирате.

РИБИ:
Со големо чувство за одговорност, мудро доаѓате до саканата позиција и моќ: интимните врски се продлабочуваат, а професионалните добиваат нов правец. Преземање нови работни должности, при кои ќе треба да покажете самоконтрола: со јасна визија пловите кон новиот свет и инсистирате да ги претставите своите таленти. Успех!

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]