Дневен хороскоп: Што велат ѕвездите за денеска?


ОВЕН:
Како по непишано правило, најдобро се учи преку сопствените грешки: еден циклус од околу седум години завршува и сето она што ве заплашуваше во меѓувреме. Чудно е како животот може да нацрта нови мапи преку кои може да се дојде до самореализација и да се надминат сите кризи и тестови. Честитајте си на наученото и почестете се нешто.

БИК:
Со голема љубов кон човештвото, сакате да направите измени во дневната рутина: проучувате од што да се откажете за да дојдете до подлабока вистина. Замислете си дека сте истражувач во непознати предели, кој што ќе направи сè за да открие монумент кој што никој не го видел пред него. Какво ли задоволство! Напредувате и на професионален план.

БЛИЗНАЦИ:
Љубезни и насмеани, чувствувате дека се приближуваат промени, но сепак е премногу рано да славите: потрудете се малку повеќе и не размислувајте да се откажете сега кога сте пред самиот крај. Вложете го и последното делче на сила и ќе дојдете до извонредни резултати! Ова е циклус кој што завршува и потоа ќе може да патувате и живеете со нов ритам.

РАК:
Ве чека обемна работа во областа на домот и правење на приоритети во таа насока: добивате поддршка под поширок круг на луѓе, а особено од оние кои што имаат слични интереси како вашите. Прекрасен ден за тимска соработка, каде што секој ќе ги истакне своите квалитети. Вашите љубени се покрај вас и ви помагаат во исполнувањето на мисијата.

ЛАВ:
Можеби е необично, но денес откривате како некои шеми се повторуваат: како морски бранови, кои еден по друг се распрснуваат на брегот. Како што се мешаат нивните облици така се заматува и комуникацијата, а потсвеста ви кажува дека треба да бидете имагинативни: одморете се, медитирајте или прошетајте некаде покрај вода. Нови одговори.

ДЕВИЦА:
Ако почувствувате дека дуваат жешки ветрови во интимните одаи, најдобро ќе биде да се повлечете и да не се конфронтирате: така ќе го сочувате духовниот мир и ќе може да се посветите на повисоките идеали. Работејќи во некое мирно катче, ќе ги избегнете потенцијалните навреди и ќе откриете дека најдобрите дела се создаваат кога човек е под притисок.

ВАГА:
Не инсистирајте да напредувате по секоја цена, бидејќи не секој ден е идеален за тоа: застанете на кратко и слушнете го говорот на птиците и природата, откривајќи суптилни пораки во светот околу себе. Она што плива на површината на водата е само слама, додека скапоцениот камен се спушта на дното: премолчете збор или два. Откријте нова димензија.

СКОРПИЈА:
Погледнете назад кон минатото, за да ги откриете потребните одговори: можеби истите дилеми се повторуваат, но сега не треба да правите претпоставки, туку да дејствувате според познатите искуства: она што не функционирало еднаш, нема да функционира ниту сега. Менувајте ја тактиката и анализирајте повеќе. Светла иднина.

СТРЕЛЕЦ:
Време е да ги демонстрирате своите таленти и да застанете во центарот на сцената: спокојни и сконцентрирани на ритамот на животот, преземате целосна одговорност за она што го работите. Без ризик нема добивка, а токму тоа чувство за авантура ви влева нова самодоверба: насмејте се искрено и застапете ги своите идеи. Убаво друштво.

ЈАРЕЦ:
Имате поддршка од саканите, но понекогаш е време да премолчите некој збор за да постигнете стабилност: не влегувајте во разговори кои што брзо би можеле да прејдат во аргументи. Дали навистина разбирате што се случува и дали ги имате сите детали? Научете што значи флексибилност во вистинската смисла на зборот и соработувајте. Успех!

ВОДОЛИЈА:
Со директна акција ќе дојдете до промени: нема потреба за одолговлекување, туку воспоставете нови правила. Дури и личните врски ќе минат низ своевидна трансформација, затоа не плашете се и не држете се до старите и познати форми. Можна е нова организација на стариот бизнис, при што треба да ја активирате целата своја сила и моќ. Одговорности.

РИБИ:
Внимавајте при средбите со луѓето кои ги имитираат другите, со цел да дојдат до сопствена добивка или предност: луѓето со нарушен морал се држат заедно, дури и ако не се поднесуваат и во тоа лежи нивната сила. Доблесните, пак, обично се осамени: не останувајте на страна, туку опуштете се и насмејте се повеќе. Играјте онака како што сакате!

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]