Дневен хороскоп: Што велат ѕвездите за денеска?


ОВЕН:
Можеби иднината ви се чини неизвесна, но ако простудирате добро, ќе откриете дека постои надеж, иако за сега не треба да се занесувате премногу. На мистериозен начин ќе дојдете до одговори и ќе го запаметите волшебниот момент: верувајте дека она што се случува има некоја подлабока природа и препуштете му се на тоа искуство. Инспирација.

БИК:
По период на неизвесност, среќата се враќа во вашиот живот: расположени, заљубени и поетични, креирате блажена атмосфера околу себе. Пријателските односи се продлабочуваат, а љубовните добиваат нов сјај: како да сте зарониле и на дното на океанот сте нашле бисерни школки. Искористете ги интелектуалните капацитети на работен план.

БЛИЗНАЦИ:
Денес се чини дека ви недостига волја, а имате и тенденција да ја наметнувате контролата врз другите и на тој начин да испровоцирате непријатност и завист кај луѓето. На тој начин би можеле да си предизвикате штета, затоа бидете внимателни: најдете сила да пофалите некој и така да го завртите тркалото на среќата.

РАК:
Можеби комуницирате со мала и интимна група на луѓе, но затоа пак сите живеат заедно среќни и исполнети. Секако за да се постигне природно задоволство потребни се компромиси и по некоја рестрикција, но која што нема да биде премногу строга. Прекрасен ден да ги откриете талентите на блиските и да им дозволите да процветаат. Ден за чистење.

ЛАВ:
Пред да дозволите бомбата да пукне, сетете се дека низ истата ситуација сте минале повеќе пати и нема потреба да се форсирате премногу: повторете ги старите фрази, подучувајќи со пример и чекајте на својот ред. Животот е циклус кој се повторува, а на промените им е потребно време: сега сте храбри и имате сила да истраете. Нова перспектива.

ДЕВИЦА:
Зарем ќе си дозволите да ги сокриете своите румени образи денес? Не пријатели, ова е прекрасен ден да ги продлабочите романтичните врски, а со тоа ќе го вратите емоционалниот баланс и смиреност. Имате необична дарба да ги читате неизговорените зборови на другите и на тој начин да им помогнете да ја надраснат суровоста на светот. Насмејте се!

ВАГА:
По неодамнешните недоразбирања и пролонгиран напор, денес е време да се грижите за своето здравје. Проблемите ќе се решат самите од себе и на крајот од денот ќе може да славите победа. Нагонот да се осветите ќе згасне, штом се сетите дека постојат пософистицирани начини да се разреши ситуацијата. Останете мирни и триумфирајте.

СКОРПИЈА:
Одличен ден да се повлечете под сенката на некое дрво и најдете време за читање и медитација: неодамнешните случувања ви ги откриваат туѓите пропусти и грешки и сега треба да изнајдете нов начин да профункционира тимот. Во минатото се јавуваа слични ситуации и не сакате истите да се повторат: доаѓате до нови и помудри солуции.

СТРЕЛЕЦ:
Имате нови идеи, но не е време за нивна имплементација: неволноста да се промените и да ја замените строгата структура со пријателско разбирање ќе предизвика стрес. Откријте како да бидете флексибилни и ако треба, отстранете се од центарот на сликата: не мора секогаш да сте во прв план и да ја покажувате својата генијалност. Компромиси.

ЈАРЕЦ:
Фокусирани кон домашните потреби, успевате да најдете сила и да останете смирени и при најупорните тешкотии. Сепак, не дозволувајте си да сте резервирани или пак далечни, оставајќи впечаток дека ви е здодевно: подобро ќе биде да разберете што ви се зборува. Балансирајте го темпераментот и ќе го вратите авторитетот. Нови ангажмани.

ВОДОЛИЈА:
Тешкотиите ќе ги решите после многу пот, солзи и голем труд: сè додека сте принципиелни и се однесувате чесно, работата ќе оди по нагорна линија и може да очекувате среќа и во љубовта. Скршнете ли бар малку од оваа стратегија, тоа ќе се одрази врз здравјето и ќе дојде до искачувања и падови. Парите се меч со две острици: користете ги внимателно.

РИБИ:
Брилијантна шанса да се покажете во елитните кругови: многу добро ги знаете своите капацитети и го следите протоколот совршено. Ќе успеете да постигнете независност со мудро избирање на приоритетите и така ќе дојдете до награди. Избегнувајте да ги критикувате блиските и, ако треба, побарајте совет од пријателите. Остварување на соништата!

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]