Дневен хороскоп: Што велат ѕвездите за денеска?


ОВЕН:
Се навраќате на некои стари работи, како сцена од некој црно-бел филм и размислувате како најдобро да ги откриете неискажаните зборови: учете го доброто бидејќи лошото лесно се распознава самото по себе. И во капката роса која лежи на тревата може да се види сонцето и на тој начин ќе ги вратите својот баланс и радоста во животот.

БИК:
Под влијание на Месечината имагинацијата е во подем, како и чувствителноста: шармантни и уникатни, не се плашите да ги претставите своите идеи пред светот. Многумина сакаат да допрат до суштински пораки, но никако да ги отворат своите уши за тоа: бидете подготвени за промени од поволен карактер: сега сте посилни и позрели. Нови проекти.

БЛИЗНАЦИ:
Бидете трпеливи: тешкотиите со кои што ќе се соочите ќе имаат позитивен расплет. Каде и да појдете, носете ја со себе својата убавина и не отфрлајте ја започнатата работа. Добро препознавате како да ги надминете блокадите и ако треба, ќе го коригирате своето мислење на неколку теми, без да се јават несакани последици. Спонтан развој.

РАК:
Одличен ден за организирање одново: откријте што е приоритет и појдете во негово исполнување. Не се форсирајте премногу, туку правете мали чекори: поврзете ги сите ситни точки во една поголема целина и ќе имате слика за вистинската ситуација. Најдете време да се одморите и да продолжите откако ќе ја обновите својата сила. Истрајност.

ЛАВ:
Не дозволувајте туѓото лицемерство да ви го расипе расположението: ништо не е со трајна природа, па така и ова недоразбирање брзо ќе мине. Не барајте кривица или начин да се осветите, туку разберете дека и човекот, како и книгата, има свои добри страни, а останатите треба да се прескокнат. Избирајте мудро и измијте ги рацете од ова искуство.

ДЕВИЦА:
Како да изронувате од вода и одново земате воздух: знаете кога е време за акција и нема да дозволите ситниците да ви го нарушат духовниот мир. Денес завршете еден, а утре останатиот дел од работите и така нема да се истрошите повеќе од потребното. На професионален план настапете одлучно и направете ги неопходните корекции. Успех.

ВАГА:
Недоразбирањата во комуникацијата, избегнете ги мудро: бидете истрајни и не правете нагли реакции, туку трансформирајте ја својата енергија во истрајност. Не се откажувајте од започнатите проекти, па колку и да ви се чинат невозможни: покажете ја својата доблест на умереност и ќе препливате до брегот. Бидете бавни при ветувањата.

СКОРПИЈА:
Надежта повторно се враќа во вашиот живот: жртвувавте нешто и го внесовте сиот свој дух во некој проект или идеја, а тоа ви ветува светла иднина. Некој се обидува да го привлече вашето внимание околу важни животни прашања и сега е време да одговорите: повторно доаѓате до лидерската позиција, која што треба да ја користите умерено и мудро.

СТРЕЛЕЦ:
Моќна трансформација во личните врски и сега сте доволно силни за да направите нови договори: ситните камчиња од мозаикот повторно ќе си легнат на своето место, особено ако не инсистирате на перфекционизам. Верувате во својата среќна ѕвезда и знаете дека нема потреба за брзање: пуштете ја светлината во вашиот живот, сакајќи нежно.

ЈАРЕЦ:
Дури и ако се обидувате да газите на прсти, нема да можете да избегнете страсна средба, во која што ќе летаат искри: фантастични промени, особено во областа на домот и партнерствата. Култивирајте ги овие контакти, а најмногу со личностите кои што ги познавате одамна. Убава соработка со колегите, со кои што ги промовирате новите идеи.

ВОДОЛИЈА:
Финансиската ситуација е нестабилна и тежнеете да најдете партнер кој ќе ви помогне во вашите потреби: како сирена на карпа, која што чека бакнеж од некој морнар. Користете ја својата интелигенција и интуиција за да си ги најдете нозете, разбирајќи сосема свесно зошто работите се одвиваат нерационално. Откривате нов начин на живот. Трансформација.

РИБИ:
Денес ве следи добра среќа и виталност: подготвени да се соочите со новите ангажмани, доаѓате до средба со моќна и влијателна личност. При овие разговори, и вашите квалитети доаѓаат до израз и ќе откриете дека повторно сте во игра! Внимавајте да не покажете лутина и поврзете ги различните околности и луѓе. Бидете искрени и насмејте се.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]