Дневен хороскоп: Што велат ѕвездите за денеска?


ОВЕН:
Можеби си мислите дека бродовите што пловат покрај вас не се погодни за вашето напредување: она што го сакате во моментов најверојатно не е тоа што ви е потребно. Со други зборови, не сте подготвени да ја напуштите својата школка и немате доволно верба во себе. Прашајте се што им е потребно на саканите и престанете да агитирате. Сакајте повеќе.

БИК:
Слушајте ја својата интуиција и бидете интелигентни кога станува збор за работите на срцето: ако се борите за мир, ќе предизвикате повеќе војна. Сакањето мир ќе направи повеќе мир: не реагирајте на првиот знак на трубата, туку раскошно дофрлете неколку ноти и ќе добиете хармонична мелодија. Вратете си ја самодовербата.

БЛИЗНАЦИ:
Ако внимавате на суптилните пораки и знаци покрај патот, ќе успеете да се извадите од мачната ситуација: во овој случај не сте жртва и нема потреба да правите отстапки во име на другите. Насмејте се при најголемите мистерии и сетете се дека имате доволно сила да се спасите и искупите. Оставете ја недовербата во минатото и верувајте повеќе.

РАК:
Следејќи ја својата интуиција, денес може да манифестирате речиси сè што ќе замислите: следењето на своето срце ќе ви влее внатрешен мир, а соништата ќе ви одговорат на најважните животни прашања. Го набљудувате светот како живее во некој сопствен сон, кој нема никаква подлабока суштина: површни муабети кои не водат никаде. Одморете се.

ЛАВ:
Зрели и храбри, денес треба да поставите нови граници: вратете си го дигнитетот и напуштете ги навредливите односи. Лоцирајте го коренот на проблемот и полесно ќе се ослободите од него: така ќе создадете нов циклус на промени, кои ќе ве доведат до креативни солуции. Прегрнете ја својата оригинална страна и уживајте во виталноста.

ДЕВИЦА:
Доколку сакате да направите вистински промени во партнерските врски, ќе треба да се запрашате што е приоритет и да работите во тој правец. Во коректниот тим, сите се во право и не постои место за неумереност: дадени ви се крилја, сè што треба е да ги искористите! Радикална промена на која чекате веќе некое време: дејствувајте решително.

ВАГА:
Ова е ден за договарање, активирање на старите врски и правење нови продуктивни планови: избирајте ја зделката што најмногу ќе му одговара на вашиот џеб и не преминувајте граница. Оние што се алчни оставете ги зад себе, имајќи на ум дека постојат и коректни личности: луѓе што сакаат да работат, по исправна цена. Направете шопинг-листа.

СКОРПИЈА:
Ако сакате да смените нешто круцијално во животот, ќе треба да затворите една врата и да ги отфрлите старите облици на дејствување: способни да воспоставите нови правила, одберете ги вистинските пријатели и бидете позитивни. Најважно од сè е да не им се противите на промените, туку да ја фокусирате сета сила и да ги забрзате. Успех!

СТРЕЛЕЦ:
Нежни и ентузијастични, сакате да ги споделите своите романтични чувства: сакате да љубите како никогаш досега и да доживеете моќна промена во интимните врски. Љубовта е онаа сила што го движи светот и праќа суптилни пораки од едно срце до друго: вратете си ја самодовербата и погледнете се низ очите на другите.

ЈАРЕЦ:
Обрнете внимание на денешната комуникација и бидете претпазливи: би можеле да бидете измамени од некого или пак самите нешто погрешно да заклучите. Дали добро ги проценувате работите? Можеби самите проектирате нешто? Ова се прашања за кои треба добро да размислите пред да започнете нешто денес. Бидете реални.

ВОДОЛИЈА:
Околу вас се позитивни случувања, забави и богат социјален живот, но вие сте од сето тоа оддалечени и се чувствувате осамени и изгубени: немате иницијатива, а сакате да успеете во започнатите проекти. Под будното око на авторитетите, внимавајте да не ветите повеќе отколку што можете да остварите: фактите говорат повеќе од зборовите.

РИБИ:
Од вас се бара да ги разберете барањата на познатите авторитети, пред да започнете нешто ново: учете од старите грешки и ќе дојдете до нови искуства. Останете флексибилни, слушајќи ја својата интуиција и не плашете се да скршите некое правило: нешто ќе добиете, а нешто ќе изгубите, но на тој начин ќе еволуирате. Обрнете внимание на домот.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]