Дневен хороскоп: Што велат ѕвездите за денеска?


ОВЕН:
Се прашувате дали да го минете овој мост или не: сите несреќи во светот се состојат во немањето на љубов. Колку е длабока вашата? Можеби се чувствувате непријатно, но најважно е да се запрашате колку се љубите себеси: доколку знаете самите да си дадете ветување, ќе можете да го сторите истото и со другите. Признајте ако грешите и заминете си.

БИК:
Во првиот дел на денот постои можност да се чувствувате несигурни и резервирани: сакате да се повлечете на сигурно и да ги редефинирате своите планови за следните три месеци. Нешто се менува и дел од желбите ќе остане во минатото: измешајте ги картите одново и зацртајте нов курс. Комуницирајте со тимот и ќе бидете подобро разбрани.

БЛИЗНАЦИ:
Ништо не е случајно и денес ќе откриете подлабоки аспекти од себе: се чувствувате удобно во својата кожа и уживате во својата непосредна околина. Ако сакате да се усовршите во некое поле, разберете јасно што ви се говори и не ги форсирајте случувањата: тие ќе си дојдат во сопствен тајминг. Поделете ги задачите на помали делови, правејќи нова стратегија.

РАК:
Со ситни чекори ќе дојдете до целта: она што ќе го вложите денес, ќе донесе резултати утре. Уживате во својата работа, како и во помагањето на блиските и чекате да се сменат условите: задоволни сте што некои проекти завршуваат, но не стремете кон перфекционизам бидејќи сега не е време за тоа. Би можеле да дојдете до штетни совети. Одморете се малку.

ЛАВ:
Информации со кои ќе сакате да ја коригирате космичката слика: тежнеете да постигнете вистинска трансформација, но не форсирајте бидејќи може да постигнете спротивен ефект. Бидете спокојни и чекајте работите да се средат самите од себе: важен ден, во кој ќе ја насликате непосредната иднина. Мирисот на летото се шири наоколу како доблест.

ДЕВИЦА:
Резервирани и рационални, знаете како да се носите со авторитетната позиција: и покрај несигурноста како да постапите со важните личности, ќе откриете дека едноставноста е најдобриот лек. Пред вас се повеќе избори со кои што може да се развиете како што сакате и пријателите ќе ви помогнат да се одлучите: не чекајте, за да не го пропуштите бродот!

ВАГА:
Не брзајте да остварите нешто чие време сè уште не е дојдено: денешните услови ќе се сменат радикално во денот што доаѓа. Ако сепак инсистирате опсесивно да го реализирате науменото, би можеле да си предизвикате невроза, а тоа не ви е потребно: смирете го нервниот систем и размислувајте за нови алтернативи. Бидете добродушни.

СКОРПИЈА:
Неизвесна иднина, при што може да дојде до колапс: договорите се менуваат во последен момент и тоа го спречува вашиот духовен развој. Проблемите може да се размножат како по некое непишано правило, затоа бидете праведни и рационално воспоставете баланс. Надраснете ги илузиите со зрелост и вратете ја контролата во животот.

СТРЕЛЕЦ:
Смирени и посветени на медитација, ќе откриете многу нови пораки во воздухот: знаете дека секоја акција има своја реакција и дека работите се поврзани на посуптилно ниво. Добрите дела се враќаат со добро и затоа сте сочувствителни кон она што се случува наоколу: ги слушате тивките шепоти на душата и ги разбирате своите соништа.

ЈАРЕЦ:
Дури и со благородните чувства може да се претера и тие да станат порок: сè е суета и тешко е да се биде искрен, а особено денес пријатели. Не очајувајте, а најмногу ако наидете на игнорантни луѓе, туку сетете се дека утре е нов ден кој што носи нови правила. Ако се соочите со блокада во работата, размислете како да ги смените работните методи. Промени.

ВОДОЛИЈА:
Најмногу сакате да работите со луѓе со кои што ве движат слични мотиви и интереси: иако имате многу да понудите, најмногу обрнете внимание на она што ви се говори и ќе дојдете до нови откритија. Обидете се да се подобрите во секоја ситуација и следете ги дадените совети: така ќе го подобрите својот карактер и ќе се освежите. Нови откритија.

РИБИ:
Се сеќавате на времињата кога бевте подлабоко поврзани со своето срце и чувствувавте духовен мир: денес ќе успеете да ја реставрирате својата самодоверба, преку средба со некоја страсна личност. Ќе започнете разговори за лични теми и надежи оставајќи го стравот во минатото: повод за нови почетоци и идеи од ведро небо!

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]