Дневен хороскоп: Што велат ѕвездите за денеска?
ОВЕН:
Соочени со својата инспирација, запрашајте се кој е најдобриот начин да ги иницирате новите проекти: разгорете ја својата страст, но внимавајте да не избие војна бидејќи тогаш се губи вистината. Канализирајте ја својата енергија конструктивно и правете мали чекори: постепено ќе ја откриете вистинската пропорција и ќе го освоите и најтврдото срце.
БИК:
Храмот е во срцето и тука се крие најголемиот авторитет: ако љубите доволно, ќе успеете да направите нови пријателства и да дојдете до разбирање. Покажувајќи го својот ентузијазам, ќе успеете да привлечете многу луѓе со себе во кои ќе најдете бескраен извор на утеха: контакти со потенцијални клиенти и судбински пресврти. Нови сојузи.
БЛИЗНАЦИ:
Ја трансформирате својата сила борејќи се со многу психолошки битки и се среќавате со личност која што има силно влијание врз вашиот живот: спремете се за одбрана и конфронтација бидејќи некој би сакал да ве истурка од сегашната позиција. Откријте кога е вистинското време да се повлечете и да се одморите во сигурноста на својот дом.
РАК:
Што и да замислите, може да се чини дека е лесно, сè додека не се обидете тоа да го остварите во реалноста: тука ве чекаат вистинските предизвици, кои ќе бараат да се адаптирате на сегашната ситуација. Без оглед колку сте во право, ако останатите се со ниско образование или немотивирани, нема да постигнете ништо, туку само ќе губите сила. Бидете нежни.
ЛАВ:
Запалете светилка во своето срце и ќе откриете дека сите луѓе се направени од исти компоненти: прегрнете ги во себе сеќавајќи се на успесите постигнати во минатите дванаесет месеци и бидете им благодарни за сето она што го научивте од нив. Бидете мудри и дефинирајте ги долгорочните проекти респектирајќи ги позрелите од себе.
ДЕВИЦА:
Оние кои што мразат, во суштина се исплашени: не им дозволувајте на таквите луѓе да ве напаѓаат вербално, туку со доза на хумор откријте ги нивните вистински мотиви. Проучувајте ја природата и ќе откриете голема длабочина и мудрост, а тоа е дека имате слобода на избор! Реорганизирајте го тимот, направете нов распоред и промовирајте некој.
ВАГА:
Можеби се чувствувате како жртва и дури замрзнато стоите во место, не можејќи да направите ништо конструктивно: не губете ја својата сила, останувајќи фокусирани на она што го немате. Сè уште постојат избори со кои што ќе ги коригирате условите во домот. Демонстрирајте добра волја и виталност и ќе дојдете до подобри услови.
СКОРПИЈА:
Тамам кога помисливте дека постигнавте договор, ќе се уверите во спротивното: во вашиот живот се случуваат судбински промени и може да очекувате нагло менување на плановите. Текот на случките не зависи од вас, туку само начинот на кој што ќе реагирате: не се надевајте дека ќе се спасите со послабите од вас. Верувајте во својата моќ.
СТРЕЛЕЦ:
Сочувствителни и имагинативни, ќе сакате да помогнете некому бидејќи знаете дека тоа е голема доблест: покажувајќи ги своите емоции, успевате да воспоставите контакт кој ќе има длабоко значење. Толерантни и трпеливи, љубите бескрајно и безгранично, откривајќи начини да заборавите и простите: ја враќате самодовербата, слушајќи ја својата душа.
ЈАРЕЦ:
Планетарните влијанија покажуваат дека денес сакате сè: нови пријателства, работни односи, помош во семејството и што уште не! Прашање е дали ги имате вистинските аргументи да го постигнете саканото: многу покани, од кои што ќе треба да одберете кои се вистинските за вас. Соочени со бурна динамика, избирајте ги добро колегите, но и пријателите.
ВОДОЛИЈА:
Ноншалантноста ве доведе до апсурдна ситуација и денес ќе треба да не правите екстремни реакции, туку да верувате повеќе: вистината има само една варијанта, а вие сте способни да поставите сигурни темели со кои што ќе дојдете до успех. Ако некој ви е здодевен, направете го токму она што го бара од вас и така ќе постигнете вистинска слобода.
РИБИ:
Можеби добивте битка, но не се радувајте прерано бидејќи сте сè уште во заднината: тука се возможни многу глупости и сега не смеете да ризикувате – би можеле да изгубите сè! Разберете дека го давате најдоброто од себе и со време ќе ги надраснете сегашните ограничувања: патот кон славата не е распослан со цвеќе, туку со работа и трпение.
Ирена Танчева
АСТРОЛАБ