Дмитриј Медведев пишува: „Сеништето на комунизмот се надви над Европа“


 

Ако Русија го прекине снабдувањето со енергија, раководството на ЕУ може да ги принуди земјите во блокот да делат гас меѓу себе. Ова се наведува во проект на Европската комисија, кој го видел „Ел Паис“, кој според весникот ќе биде претставен на 18 мај.

Се претпоставува дека такви акции ќе спроведат земји кои имаат доволно големи енергетски резерви и алтернативни залихи.

За таков документ – чија автентичност допрва треба да се потврди – се разговара две недели откако Русија ги прекина испораките на гас за Бугарија и Полска, тврдејќи дека тие не плаќаат во рубли.

Комисијата проценува дека две третини од рускиот гас може да се заменат на годишно ниво (вкупно 155 милијарди кубни метри годишно доаѓаат од Русија). Прашањето е како да се надоместат другите близу 50 милијарди – еквивалент на потрошувачката на Романија, Унгарија, Австрија, Чешка, Словачка, Естонија, Литванија и Летонија за 12 месеци. Само на Германија ѝ требаат 90 милијарди годишно.

Како одговор на ова попранешниот руски претседател и премиер, Дмитриј медведев (сега заменик-претседател на Советот за безбедност) во објава на својот канал на Телеграм напиша дека „сеништето на комунизмот конечно повторно влезе во Европа“. Така, во секој случај пишуваат медиуми. Дебелите Европејци, обезбедени со гас од различни извори, ќе бидат принудени да делат со сиромашните, но горди, кои не сакаат да ѝ плаќаат на Русија во рубли за нашето гориво.

Браво, достојни наследници на двајца Карли – Маркс и Кауцки. Истовремено ќе се воведе и рационализирање на потрошувачката на енергија, а тоа не е далеку од картички за храна“, пишува Медведев.