ДКСК до Џафери: Податоците за апанажата се добиени од Собранието


ДКСК одговори на обвинувањата од претседателот на Собранието Талат Џафери дека е ноторна лага дека пратениците земаат по 100.000 денари апанажа. Во реакцијата на ДКСК стои:

„Со цел да се надминат недоразбирањата настанати по презентирањето на Анализата за потрошените буџетски средства за апанажа сакаме да ве известиме дека споменатата анализа е направена врз основа на податоци за исплатени средства за апанажа добиени од Собранието на РСМ.

Исто така, сакаме да појасниме дека Барањето на ДКСК за наведените податоци е всушност циркуларно писмо кое, покрај до Собранието на РСМ е испратено и до повеќе од 100 институции.

Очигледно дека само податоците од Собранието на РСМ се доставени во бруто износ, но за тоа немаше никакво објаснување во дописот“.