Дизелот поскапува за две денара, цената на бензините не се менува
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се се зголемува за 2,00 денара по литар, а цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат, соопшти Регулатрорната комисија за енергетика.
Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 75,50 денари за литар.
За 1,051 денари поскапува и Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 46,336 денари.