Ивана Кнез слави роденден со модна сензација: Бидете мачка како мене

Со своите ревии, модни претставувања и од неодамна и колумни е оригинална, а сега со лимитираната колекција со која ќе го прослави роденденот на 2 април има порака до сите жени: Надминете се и бидете свои и оригинални.

Најавата за колекцијата е проследена со фотографии од снимањето зад сцената на кое работеше со тим професионалци.

Дизајнерката Ивана Кнез сега изгледа како мачка, симболот од нејзините ѓердани. Кога ги подготвува колекциите , секогаш е „драма“, како што се вика нејзиниот бренд. Таа е жена и пол, како жената, силна, моќна и самосвесна во нејзините колекции. Ретко кој знае дека е дипломиран костимограф, на Академијата за убави уметности во Белград. Работи како аутсорс-дизајнер за „Сара фешн“ локално, и за три компании надвор од Македонија. (Л.С.)