Дизајнерката Бети Џонсон ќе оди на операција на отворено срце


САД– Дизајнерката Бети Џонсон (76) славна со своите необични модели и ревии, откри дека ќе оди на операција на отворено срце која ќе трае од 4 до 6 часа.

Својата здраствена состојба ќе ја раскаже наскоро во мемоарите, а дотогаш треба да паузира од модната сцена заради операцијата.

-Не се плашам, мојот доктор има голем број операции направено од овој вид. Се надавaм на брзо опоравување, изјави Џонсон.

Веста додеќа по информацијата дека и фронтемнот на „Ролинг стоунс“ Мик Џегер (75) в петок ќе го оперира срцето.

Заради тоа, рок-легендите ја одложија северноамериканската турнеја закажана од 20 април до 29 јуни. Фановите беа советувани да ги задржат своите билети, што исто така ќе важат и за новите датуми на концертите на „Ролинг Стоунс“.