Дисквалификацијата на УС Опен го чинеше Ѓоковиќ 260.000 долари


Според правилата на УС Опен, бидејќи беше дисквалификуван, Новак Ѓоковиќ (Србија) нема да добие чек за 250.000 долари што го добива секој од учесниците во четвртото коло.

Најдобриот тенисер во светот беше дополнително казнет и со 10.000 долари за „неспортско однесување“.

Сепак, оваа сума, колку и да е голема, не е најголемиот губиток на Србинот на овогодинешниот УС Опен, бидејќи тој ја пропушти можноста да ја намали разликата во бројот на Гренд слем титули зад ривалите Роџер Федерер и Рафаел Надал.