Дискотеката во Кочани била затворена од УЈП, некој дозволил повторно да се отвори

Дискотеката „Пулс“ во Кочани била затворена минатата година од УЈП, но , според откритијата на КОД продолжила да работи подоцна. Фирмата „МММ Кафе ДООЕЛ Кочани“, која управувала со дискотеката, имала блокирана сметка уште од 7-ми месец 2024 година.
Според информациите на КОД инспекторите на Управата за јавни приходи (УЈП), последен пат на 21 декември 2024 година извршиле контрола во објектот и утврдиле дека не се издаваат фискални сметки.Поради тоа, сопственикот бил санкциониран, а дискотеката затворена и запечатена, наведуваат новинарите од КОД.
Оттука, останува непознаница како овој локал повторно започнал со работа.Кој го отворил повторно дискотеката? Дали некој во институциите замижал пред нерегуларностите? Кој дозволил објектот, запечатен од УЈП, повторно да прима гости?
Ова се само дел од клучните прашања кои бараат итни одговори.Овие нови детали ја фрлаат истрагата во нова насока и отвораат простор за дополнителни проверки во институциите надлежни за контрола на вакви објекти.