Директорот на Клиниката за неврологија, Иван Барбов, позитивен на корона


Директорот на Клиниката за неврологија, Иван Барбов, доцна вечерва на својот Фејсбук профил објави дека е позитивен на ковид-19.

Тој се тестирал затоа што имал контакт со неколку пациенти за кои подоцна се утврдило дека се позитивни, а самиот нема симптоми.

„Денес го добив резултатот за САРС-КоВ-2 кој е позитивен. Вчера се тестирав заради контакт со неколку пациенти кои испаднаа позитивни, иако и тие и јас бевме со заштитна опрема. Немам никакви симптоми и од вчера сум во домашна самоизолација.
Во изминативе 4 месеци секојдневно бев на работа, не се поштедив со ротации. Се со цел подобро да ја организирам работата на клиниката и да бидам достапен за сите пациенти. Постојано носев маска на работа и надвор во затворени простории. Почитувајте ги препораките и чувајте се“, вели Барбов во објавата на Фејсбук.

https://www.facebook.com/ivan.barbov.7/posts/3456027904463760