Директорот на ФИТР, Јован Деспотовски, е позитивен на корона вирус


Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Јован Деспотовски, е позитивен на корона вирус, објави тој социјалните мрежи.

„Вчера доцна вечерта добив позитивен тест на Ковид-19. Се чувствувам добро, а од дома ги вршам сите тековни активности и обврски. Благодарам за грижата на семејството, матичната лекарка, како и огромниот број пријатели кои се нудат за помош во овие моменти. Истовремено, би сакал да нагласам дека според сите протоколи, ФИТР ќе продолжи да функционира непречено бидејќи од самиот почеток во Фондот се работи во различни смени и во огромна мера дигитално, односно без дополнителни физички контакти. Како и секој пат кога се појавило сомнеж, а според препорака на епидемиолозите ќе биде спроведено тестирање за вработените, како и преземање на мерки за изолација секаде каде што ќе биде тоа препорачано. Поддршка за сите кои во моментов се борат со вирусот. Ќе успееме заедно! Сите други чувајте се и останете во добро здравје!“, објави тој на Фејсбук.