Директорката на ДЗСИ во самоизолација, контактирала со член на семејството позитивен на КОВИД-19


Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), Ирина Сотирова Бухова објави дека од денеска е во  четиринаесет дневна самоизолација, бидејќи контактирала со член од семејството позитивен на КОВИД-19.

Во соопштение објавено на веб страницата а ДСЗИ Бухова наведува дека првиот текст покажал оти е негативна но дека останува дома по епидемилошка препорака.

-По препорака на епидемиолозите јас сум во самоизолација и ќе бидам 14 дена. Имав контакт со позитивно лице, член на потесното мое семејство. Чувствувам должност да ја известам јавноста. Се чувствувам добро,немам никакви симптоми. Првиот тест покажа дека сум негативна, но по епидемиолошката препорака, ќе останам дома. Цел период на функционирање во корона-криза, апсолутно ги почитував сите протоколи, маска, дезинфекција, како и физичка дистанца, се наведува во соопштението објавено на интернет страницата на ДСЗИ.