Директните странски инвестиции во светот преполовени во првите шест месеци од 2020 година 


Амбасадата во Скопје го идентификуваше ИКТ како сектор во развој, зрел за американски инвестиции

Висината на директните странски инвестиции (ДСИ) во светот во првото полугодие се намалиле за 49 отсто, споредено со истиот период лани. Причината за тоа се ограничувачките мерки поради пандемијата со новиот коронавирус, се наведува во извештај на Конференцијата за трговија и развој на Обединети нации.

– Глобалниот тек на директните странски инвестиции (со исклучок на офшор финансиски центри од земјите на карипскиот регион), во првата половина на 2020 година биле под сериозен притисок поради Ковид-19. Според проценките, директните странски инвестиции достигнале сума од 399 милијарди долари, што е за 49 отсто помалку отколку во 2019 година, бидејќи карантините низ цел свет ги принудија компаниите да откажат значајни инвестициски проекти за зачувување на паричните тампони, се истакнува во извештајот.

Бројот на нови инвестиции се намалил за 37 проценти, бројот на прекугранични слевања и откупи – за 15 отсто, додека зделките за финансирање на трансгранични проекти, на 24 отсто.

Во првото полугодие, директните странски инвестиции во развиените земји биле во висина од 98 милијарди долари, со најголем пад од 75 отсто споредбено со податоците лани. Според извешајот, ова е резултат на намалениот тек на капиталот во економиите на Европа, пред сѐ во Холандија и во Швајцарија. Во првото полугодие, директните странски инвестиции во Северна Америка биле во висина од 68 милијарди долари или за 56 отсто помалку од истиот период минатата година.

Од друга страна, директните странски инвестиции во земјите во равој се намалиле само за 16 отсто, помалку од очекуваното, и тоа поради издржливоста на инвестициите од Кина.

Приливот на странски инвестиции во Азија се намалил само за 12 отсто, но бил за 28 отсто помал во Африка и за 25 проценти помал во Јужна Америка и на Карибите.

Сопред прогнозите директните странски инвестиции на светско ниво во 2020 година ќе се намалат за 30 до 40 проценти.