Дипломатски скандал: „Ги мразам Русите“


 

Руските власти наложија на работничка во конзулатот на норвешка да ја напишти земјата, јавуваат странските медиуми.

Официјална Москва го контактирала амбасадорот на Норвешка и наложила една нивна работничка да го напушти конзулатот и да си оди од Русија, затоа што велела дека ги мрази Русите.

Во прашање е вработена во конзулатот во мурманск, која е снимена како во бес вели дека ги мрази Русите.

Њлизабет Елингсен се налутила затоа што ѝ требало многу време да го реши спорот со сместувањето каде таа отседнала, а собата не била доволно чиста.

Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека иако надлежните од Осло се извиниле поради однесувањето на Елингсен, таа мора да ја напушти земјата.

„Ја зедовме предвид изјавата на Министерството за надворешни работи на Норвешка во која изразија жалење поради инцидентот. Во исто време, наведовме дека Елинген не може да остане во земјата по овој инцидент“, соопшти портпаролката на руското министерство Марија Захарова.