Дипломатски добротворен базар в сабота во Скопје
Во Скопје, в сабота, ќе се одржи Дипломатски добротворен базар во Хотел Мериот, во период од 11:00 – 16:00 часот, организиран под покровителство на Амбасадата на Република Словенија и “Dobredojde” Macedonia Welcome Centre.
Настанот се одржува по повод Светскиот ден на детето под почесно претседателство на Н.Е. Г-дин Грегор Прескер, Амбасадор на Република Словенија.
Со свои штандови ќе се престават амбасадите на : Република Австрија, Република Бугарија, Народна Република Кина, Република Хрватска, Чешката Република, Италијанската Република, Јапонија, Република Казахстан, Република Косово,Република Литванија, Канцеларија во Скопје, Република Словачка, Република Словенија, Кралството Шпанија, Швајцарија, Делегација на Европската Унија и Институт Конфучие при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.
Посетителите ќе имаат можност да уживааат во културната разновидност преку вкусна храна, пијалоци и уникатни традиционални производи
За најмалите посетители е понудена богата детска музичка програма деца од домашни и меѓународни училишта и културни центри.
Средствата добиени од овој настан се наменети за поддршка деца, вклучително и деца со посебни потреби од училиштата „Св. Климент Охридски“ (Македонски Брод) и „Братство-Миѓени“ (Тетово).
Влезот е бесплатен.