Дино Мерлин со првиот онлајн дочек на Новата година за фановите низ светот


БиХ– Регионалната поп-ѕвезда Дино Мерлин со ново новогодишно изненадување.

Сараевскиот кантавор кој зад себе има неколку свети турнеи и многу спектакуларни концерти полни со емоции, вели дека сега е ново време во кое потребно е во новогодишната ноќ публиката од целиот свет да се зближи.

Познато е дека Дино Мерлин е голем музичар и неговите концерти имаат поинаква димензија, бидејќи класичните настапи буквално ги претвора во незаборавни шоуа. Токму затоа кога се откажани сите новогодишни дочеци и кога луѓето се приморани да останат дома со најблиските да ја испратат 2020 и дочекаат новата 2021 година, тој најде начин како да не ги разочара обожавателите со кои секоја година традиционално ја поминува најлудата ноќ.

Дури 100.000 луѓе со него ја дочекаа 2017 година на сараевскиот плоштад, следната година подготви спектакл на дубровничкиот „Страдун“, потоа во Будва, а 2020 година ја дочека со македонската публика на скопскиот плоштад. Овој пат неговиот новогодишен спектакл гледачите ќе можат да го следат во кругот на семејството, од дома.

– Долго работам на овој проект со голем тим за да можеме на публиката да ѝ ги претставиме песните кои во виртуелниот свет ќе донесат енергија на концертен настап каков што правев порано кога работите беа поинакви. Сега во новото нормално, наместо од физичка дистанца во голема сала или на плоштад, гледачите ќе можат одблизу да го следат виртуелниот концерт со многу нови елементи и изненадувања со кои ќе го зачиниме. Одвај чекам да покажеме што сè подготвивме – вели Дино кој за реализација на овој спектакл собрал над стотина професионалци од Хрватска, Словенија, Србија, Црна Гора, Северна Македонија и Босна и Херцеговина.

Мерлин во октомври го претстави првиот сингл „Ми“ од новиот албум, кој всушнот е и дванаесетти студиски албум на овој кантавтор, но прв по „Хотел Национал“ од 2014 година.

За само 24 часа, песната собра повеќе од милион прегледи и е прва во тренд на Јутјуб.

Како што рече Дино Медлин претходно, песната „Ние“ најавува ново време, време во кое треба да бидеме „Ние“ повеќе од било кога, затоа што само на овој начин можеме да ги надминеме неволјите што ни ги носи животот.

Музиката за текстот на песната „Ние“ е потпишана од Дино Мерлин и Махир Битхаус, додека аранжманот го направиле Озан Бајраша и Адис Сирбубало.