„Династија“ во режија на „Харперс базар“: Крис Џенер и Јоланда Хадид се новите Алексис и Кристл


САД – Се сеќавате на суперпопуларната телевизиска серија „Династија“ од 80-те години? Главни ѕвезди во оваа серија беа двете сопруги на Бил Карингтон, поранешната – Алексис, и новата Кристл. Овие две жени често се „фаќаа за гуша“…Добрата беше русокосата Кристл (Линда Еванс) , а лошата беше бринетата Алексис (Џоан Колинс).

Harper’s Bazaar се досети на одлична промоција на модните парчиња од луксузните модни марки со кои соработува -тие да ги носат Кристл и Алексис.

Во фотосесијата, Кристл ја „глуми“ мајката на топ моделите Џиџи и Бела Хадид, 55-годишната Јоланда Хадид, која и самата била успешен модел, а денес е телевизиско лице. Алексис пак, ја „глуми“ Крис Џенер. 63-годишната продуцентка и телевизиско лице е мајка на шест славни деца: Ким Кардашијан, Кајли Џенер, Клои Кардашијан, Кендал Џенер, Кортни Кардашијан и Роб Кардашијан.

Супермајките Крис и Јоланда позираат за октомвриското издание на списанието облечени во модни парчиња од есенските колекции на Долче и Габана, Гучи и DVF, додека накитот е од актуелната колекција на Булгари.