Димитров: Во среда одлучуваме дали ќе одиме напред

Под мотото „Возиме сите напред кон Европската унија таму каде што припаѓаме“ носителот на листа во ИЕ 1 од коалицијата „Можеме“ Никола Димитров заедно со кандидатите за пратеници од коалицијата возеа велосипеди низ, како што велат, победничко Скопје.

-Државата ни полни 29 години оваа година. Долго време сме низ тунелот, на еден чекор сме до пристапни преговори со Европската унија. Имаме огромна шанса и имаме намера да ја зграпчиме, да ја искористиме. Во среда, 15 јули вие одлучувате дали ќе одиме напред. Од едната страна имаме напредок, од другата страна имаме враќање назад и буквално пустош и катастрофа, истакна Димитров.

На граѓаните им порача да излезат и да гласаат, и да дадат, како што рече, правец каде сакаат да оди нашата Македонија.