Димитров во МАНУ: Македонскиот јазик е затворено прашање, и дома и во светот


Фото: Б. Грданоски

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, на покана на Македонската
академија на науките и уметностите, денеска присуствуваше на промоција на
четирите капитални изданија за македонскиот јазик.

„За нас Македонците, македонскиот јазик е затворено прашање, и дома и во светот.Секое пријателство, за да биде вистинско, и европските интеграции, за да бидат европски, го подразбираат нашето право на самоопределување.

На иницијатива на МАНУ и со целосна поддршка и вклученост на Институтот за
македонски јазик „Крсте Мисирков“, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и
Советот за македонски јазик, деновиве од печат излегоа делата: „Македонскиот јазик
– континуитет во простор и време“, колективна монографија во којашто што е
даден синтетски преглед на историскиот развој на македонскиот јазик од IX век па сè
до неговата кодификација; „Погледи за македонскиот јазик“, меѓународен зборник
на трудови во којшто над 40 странски и македонски лингвисти имаат свои прилози
за различни аспекти на македонскиот јазик; „Македонска хрестоматија“, избор на
позначајни македонски текстови од IX до XX век; и „Лингвистички атлас на
македонските дијалекти (според материјалите на ОЛА)“ кој дава
продлабочен увид во лексичкото богатство на македонските дијалекти. (А1Он)