Димитров се сретна и со словенечкиот претседател Пахор
Претходно во текот на денот Димитров имаше разговори со својот словенечки колега Анже Логар и во словенечкото собрание. На средбата со претседавачот на Комитетот за европски работи во словенечкиот парламент, Марко Погачник и со претседавачката на Комитетот за надворешна политика, Моника Грегорчич беше реафирмирана одличната билатерална и парламентарна соработка и споделените ставови за подготвеноста на Северна Македонија да ги отпочне пристапните преговори.
Димитров: „Словенија е еден од најблиските пријатели на Северна Маледонија. Таа блискост и тој однос ги надминува политичките идеологии и фамилии. Словенија секогаш била пример како може да се направи пробив на европскиот пат”.
Од словенечка страна беше истакнато дека полноправното членство на Северна Македонија во Европската Унија претставува политички, економски, културен, историски и безбедносен интерес на Словенија.