Димитров: Датумот за преговори е 16 јули


НАТО и ЕУ се завршена работа и сега од нас зависат работите. Во периодот што претстои ќе работиме дома. Ќе работиме на економија, на економскиот стандард, на реформи во правосудството и образованието, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев, вечерва на граѓанската трибина на коалицијата „Можеме“ во Центар.

Во време на решавање на најсериозните прашања, посочи Заев, успеавме да покажеме дека можеме и создадовме праведно општество.

– Сега веќе НАТО и ЕУ се завршена работа. 30 години чекаме членство во НАТО, 15 години за почеток на преговори. Ги завршивме. Решени се проблемите со Бугарија и Грција. Сите пет соседи ни се пријатели, изјави Заев.

Порача дека е направен голем исчекор во изминатиот период и дека е направено многу, но и дека може многу повеќе и подобро.

Центар, нагласи Заев, и денеска кога живее во слобода е најгласен и најголем коректив на власта.

– Слободата живее и денеска, иако во услови на пандемија со маски на лице, јас сум убеден на огромен процент на излезеност на нашите граѓани, затоа што имаме задача да ги воспоставиме повторно функционални нашите институции за да можеме да го продолжиме ова слободарско живеење со огромна поддршка од демократскиот свет, изјави Заев.

Имаме задача на 15 јули да останеме на вистински пат, порача Заев и затоа очекувам трендот на вистинските вредности да продолжи.

Ако ние продолжиме по овој зацртан пат, пристапните преговори ќе бидат отворени за време на германското претседателство со Советот на ЕУ, истакна носителот на листата на ИЕ1 од СДСМ, Никола Димитров.
-Ако се собереме во 2024 година повторно овде во центарот на Скопје, ќе зборуваме кога ќе влеземе во Европската Унија. Другата опција нема да ги почне пристапните преговори низ целиот нивен хипотетички мандат, порача Димитров.
Според Димитров, немаме право на грешки, немаме право на изгубено време во следните четири години.
-И економски и демократски ние ќе бидеме подобра држава. Да обезбедиме убедлива победа на силата што влече напред, истакна Димитров.
Мила Царовска истакна дека социјал-демократскиот сојуз е партија која покажа и докажа дека се грижи за сите граѓани подеднакво.
-Покажавме дека се грижиме за лицата со попреченост. Не само декларативно да се купат за избори туку го променивме нивниот живот, животот на нивните родители, но и на променивме и општеството, начинот на којшто виде и ние и вие ги гледаме овие лица и децата. Направивме трансформација и тоа го правиме во секоја тема којашто ја дискуртираме во општеството. Ние зборуваме за темелни промени и тоа го можеме.Затоа што ние веруваме дека ние сме генерација којашто треба да ја донесат промента и со нашите постапки правиме праведна држава и праведно општетство, истакна Царовска.
Таа додаде дека Владата предводена од СДСМ ги зголеми платите, воведе три пати повисока социјална помош и ги зголемивме пензиите.
-Го вративме достоинството на граѓаните кои со години беа гледани како некој којшто треба да остане на маргините. Сега пред нас имаме уште поголем предизвик, уште поголема битка и борба, а тоа е да направиме правна држава којашто ќе го гарантира квалитетот на живот на сите. Ќе даде моќност за раст на реалниот сектор, на бизнис секторот. Во идната програма ветуваме зголемување на минималната плата до 40 проценти по ковид периодот, зголемување на просечната плата до 30 отсто, изјави Царовска.
Како што рече, ќе има нова минимална пензија од 10.700 денари. Додаде дека нема да има пензија под оваа сума и 300 милиони евра од Буџетот кон реалниот сектор и дополнителни 300 милиони евра од евроспките програми кои, како што потенцира, ни стојат на располагање благодарение на претседателот Заев и колегата Димитров.