Димитриевски навести дека ќе гласа за Силјановска


Максим Димитриевски

 

Иако не директно, но индиректно Максим Димитриевски најави дека во вториот круг на претседателскиот избори лично ќе го даде својот глас за Гордана Силјановска-Давкова.

Но не ги повика гласачите кои него го поддржаа кому да му го дадат својот глас.

„Ќе гласам на претседателските избори, нема да го чкртнам ливчето. Јас веќе се извинив за мојата претходна поддршка за Пендаровски. Немам морално и етичко право јас да барам од гласачите кои мене ме поддржале кого да поддржат“, рече лидерот на ЗНАМ.

„Јас им се извинив на граѓаните уште во јуни 2022 година за мојот ангажман како дел од поддршката на Стево Пендаорвски и сигурно тој нема да ја добие мојата поддршка… Нема да имам неважечко ливче, апсолутно ќе гласам, нема да оставам мојот глас да пропадне“, рече Димитриевски.